|
СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.С.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Како што информираат од МВР, тој набавил кокаин, го продал на лице од Струга и му овозможил да го користи во просториите од угостителски објект на брегот на Охридското езеро во Охрид.