Аца Лукас однел најдебел плик на свадбата на Вељко и Богдана

|

Јавноста добро знае дека Аца Лукас беше скаран со својата колешка Светлана Ражнатовиќ Цеца.

Но во неделата тој беше поканет на свадбата на нејзиниот син Вељко, а искрено според информациите до кои дојдоа некои српски медиуми, Лукас донел најдебел плик.

Според информациите до кои дојдоа медиумите се вели дека Лукас во пликот ставил 2.000 евра.

По свадбата на деценијата инаку сите се прашуваа каде ли ќе живеат младите откако ќе се венчаат и каде ќе го дочекаат раѓањето на нивното прво дете кое треба да пристигне оваа пролет.

Имено парот одлучно прифатил да остане да живее во вилата на Цеца на Дедиње каде пред една година започнаа да живеат заедно.

По ова нема сомневање дека фолк ѕвездата е пресреќна што синот и снаата ќе продолжат да живеат со неа со оглед на тоа што беше среќна и пред една година кога се всели Богдана во нивниот дом.