Аца Лукас откри когo од сцената го покани на свадбата на наследникот: „Само тројца поканив, ме боли уво за другите“

ИЗВОРНов Лист
|

Фолкерот Аца Лукас денеска го ожени својот син Лазар, а по тој повод организираше прослава во еден белградски ресторан, каде на забавата покрај семејството и пријателите ќе присуствуваат и неговите колеги.

Сепак, пејачот пред сите гости откри кога од сцената го покани на свадбата на синот. Како што истакна сакал само три лица.

– Се јавив само на три лица. Саша Матиќ дојде. Цеца ќе дојде, малку доцна. А третиот е Ацо Пејовиќ, кој од оправдани причини беше спречен. А за другите ме боли уво – рекол Лукас.

Инаку, Фолкер за првиот танц отпеа песна за синот и снаата „Има ли надеж за нас“, а потоа уште неколку песни.

Во еден момент на музичарите им дал и повеќе од 2.000 евра.

Но, покрај споменатите пријатели на Лукас од естрадата, на свадбата се појавија и пејачот Милан Митровиќ и Стеван Анѓелковиќ.