Аца Лукас и Светлана Цеца Ражнатовиќ долги години беа пријатели, а потоа наеднаш се отследија од социјалните мрежи.
Пејачот и пејачката за ова не зборуваа во јавноста, а многумина се сомневаат дека веќе не се дружат, ниту пак комуницираат. Сега за прв пат Лукас кажа во какви односи се со Цеца и зошто веќе не се виртуелни пријатели.
Јас ова не го правам, имам девојка која што се грижи за Инстаграм и таа заследува и отследува, рекол Лукас во вчерашната емисија на Огњен Амиџиќ.
Српските медиуми пишуваа дека според извор близок до пејачот, тој и Цеца се скарале и тоа поради Соња.
„Лукас и Цеца жестоко се скарале и го прекинале долгогодишното пријателство поради Соња. Пејачите од декември не се во контакт, иако претходните две децении беа неразделни. Светлана цело време му беше раме за плачење и секојдневно го тешеше додека страдаше по поранешната жена. Меѓутоа штом и се врати на Соња, Аца почна да ја избегнува другарката“ – рекол изворот.
Инаку Цеца во детали била упетена во ситуација на Лукас.
„Цеца до детали беше упатена во односот на Соња и Лукас и проблемите кои ги имаа, па отворено му кажуваше дека не е паметно да се смири со жена му. На Аца тоа не му се допанда, па многу брзо го прекина контактот со најдобрата пријателка“ – додал изворот.