Аца Лукас во разговорот со новинарите на „Курир.рс“ зборуваше за скандалот на својата колешка, Јелена Карлеуша.
– Се шокирав кога видов што направи кретенот. Тоа ме погоди, не само како пријател и колега туку и како маж. Не се постапува така со жените. Ова би го вброил меѓу кривичните дела. Тој дечко не ја уништува Карлеуша, туку нејзините и своето дете. Тој не е нормален, тој е дебил, кретен…, вели Лукас, коментирајќи ја постапката на фудбалерот Огњен Врањеш.
За неговите односи со познатата турбофолк пејачка вели:
– Јас и Јелена не разговараме, но нема врска тоа. Причината се некои наши пресметки во „Ѕвездина на Гранд“, сега сме само на „здраво“. Поентата на целава приказна е: таман и да се случил скандал, дали би требало да ја запалиме на клада?, завршува тој.
Инаку, српските медиуми пишуваат дека српската турбофолк пејачка Јелена Карлеуша по скандалот ја зголемила цената за настапите. Така вчеравечер во клуб во Виена настапила за 20 000 евра, а претходно добивала по 12 000.
Таа ќе настапи и во Амстердам викендов, така што за само два дена ќе заработи 40.000 евра, зашто сите сакаат да ја видат.
Според медиумите, до крајот на годината би можела да заработи и до милион и пол евра.
Таа објави и нов албум, кој на музичките платформи има милионски преглед за само неколку дена. Карлеуша профитираше и на Инстаграм, каде сега ја следат два милиона фанови.
И додека Јелена се посвети на кариерата, новата песна, настапите, нејзиниот сопруг од време на време објавува по некое „стори“ на својот Инстаграм профил и покажува во каков луксуз живее, но и ужива додека е на одмор.
Тој во моментов ужива во Дубаи, а фотографијата открива дека се наоѓа во луксузен апартман и ги користи сите привилегии во овие тешки моменти во неговиот брак.