Македонскиот пејач Адам Лабунски продолжува да привлекува внимание во српското реално шоу „Задруга“. Откако вчера плачеше и кукаше молејќи да му биде дозволено да го напушти шоуто, со образложение дека „тој не бил за таму“, српските медиуми сега пишуваат за нов скандал.
Имено, објавена е снимка на која Ивана Пузиќ излезе на воздух со со Микица Бојаниќ, Миљана Врачевиќ, Александра Момчиловиќ и Мики Ѓуричиќ, а она што го раскажа за Адам Лабунски најмногу го шокираше Ѓуричиќ.
– Седам денес и тој плаче, плаче, плаче, плаче и ми вели: Ти бидејќи си лезбејка, нема да одиш во рајот, Господ ќе те казни – рекла Ивана.
– Кој ти го кажа тоа? – праша Мики.
– Адам – рече Ивана.
– Дали навистина ти го кажа тоа? Господ во кој јас верувам простува, никого не осудува – изјави Мики.