Адел ја одложи целата своја концертна резиденција во Лас Вегас само 24 часа пред отворањето.
„Многу ми е жал, но моето шоу не е подготвено“, им порача ѕвездата низ солзи на обожавателите на Инстаграм.
„Половина од мојот тим се позитивни и беше невозможно да се заврши шоуто“, рече таа, додавајќи дека „одложувањата на испораката“ исто така и ги уништиле плановите.
Во петокот, односно вечерва, таа требаше да го изведе првиот од 24-те концерти во Колосеумот на Цезаровата палата во Лас Вегас.
Најавен на крајот на ноември, серијата концерти наречени „Викенди со Адел“ требаше да започне вечерва и да трае секој викенд до април.
Билетите се движеа од 85 до 685 долари, а се предвидуваше дека Адел ќе заработи повеќе од 650.000 долари по настап.
Ова би биле нејзините први концерти во живо по пет години. Со две средби во лондонскиот Хајд Парк ова лето, ова се единствените концерти што ги најави за промоција на четвртиот албум „30“.
Зборувајќи на Инстаграм, Адел рече дека била „будна 30 часа“ обидувајќи се да ја спаси продукцијата, но дека едноставно и „исчезнало времето“.
„Беше невозможно да се заврши шоуто“, додаде таа.