Над милион граѓани може да останат без вода за пиење, бидејќи јавните комунални претпријатија ќе банкротираат ако државата не им помогне и не ги намали сметките за електрична енергија – предупредуваат од АДКОМ. Како што истакнаа тие денес, дополнително, стравуваат дека над 15 илјади вработени во комуналните претпријатија може да останат на улица.
Сметките за струја на комуналните претпријатија сега се за 10 пати повисоки од претходно. АДКОМ Бараат од државата и регулаторната комисија да им овозможи да ја плаќаат струјата по иста тарифа како домаќинствата за да можат да функционираат. Втората опција велат е финансиска помош од Владата со која претпријатијата ќе ја покријат разликата.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски предлага РКЕ да одредува единствена цена за услугите на јавните претпријатија. АДКОМ добиле поддршка од сите синдикални здруженија.
На дебатата организирана од АДКОМ присуствуваше и претставник од кабинетот на премиерот, кој рече дека е дојден за да ги сослуша по што ќе ги пренесе нивните ставови на повисоко ниво.