Адвокатот на Стојановска: Правдата конечно е задоволена, ќе бараме надомест на штета

|

Актерката Силвија Стојановска денеска во Кривичниот суд е ослободена од обвинението за транспорт на др ога во повторното судење, откако Апелацискиот суд претходно го врати предметот во кој Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор за шверц на 700 килограми ко каин од Колумбија во Шпанија.

-Обвинетата Силвија Стојановска, се ослободува од обвинение. Обвинителот не докажа дека сторила кривично дело, надвор од разумно сомневање. Мерките на претпазливост остануваат до правосилност на пресудата, кажа судијата Огнен Ставрев кој посочи дека пресудата не е правосилна, додека актерката беше изненадена и не можеше да поверува.

– Правдата конечно е задоволена, вели адвокатот на актерката Силвија Стојановска која денеска во Кривичниот суд. Тој во изјава за медиумите посочи дека актерката ќе бара надомест поради нарушен углед.

– Апсолутно има право на надомест поради нарушен углед, за изгубена добивка и што не, но за жал, нашата извршна власт, Министерството за правда, не е спремно да се спогодува по овие прашања.. Апсолутно ќе бараме“, рече Савовски.

Стојановска во првото судење беше осудена на три и пол години затвор, како обвинета за помагање на шверц на 700 килограми кок аин од Колумбија во Шпанија.

И првоовинетиот Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на 7 години затвор, поднесе жалба за пресудата, но, апелација нему му ја зголеми казната на 12 години затвор.