Аеродромите сѐ уште затворени – Тест за влез во државата само за оние држави кои тоа го бараат од нас

ИЗВОРНов лист
|

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за тоа како ќе се одвива процесот на отворање на границите. За почнувањето со работа на двата аеродроми во земјава на денешната седница воопшто не станало збор бидејќи како што велат сѐ уште е рано.

– Сѐ уште е рано, велат, и додаваат дека на некој од наредните состаноци ќе го отвориме и ова прашање.

Според информациите на Фактор се разговарало за предлог кој треба да биде даден до Владата деновиве, бидејќи ова е една од последните рестриктивни мерки за која се очекува наскоро и да се укине.

Од Комисијата за заразни болести велат дека ќе важат реципроцитетни мерки со државите а тоа ќе значи:

– За влез од Србија во нашава земја нема да се бара тест, бидејќи и Србија не бара од нашите граѓани, истото ќе биде и со Албанија. Што се донесува до останатите соседни држави Грција најави отворање на границите на 1.јули, но сѐ уште нема конкретни информации како ќе се одвива протокот на патници помеѓу нашата земја и Грција. Истовремено, остануваат затворени и границите со Бугарија, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.