Според сознанијата на одредени белгиски медиуми, челниците на Андерлехт ќе закажат состанок со Врањеш за да му соопштат дека оваа афера го нарушила неговиот и угледот на клубот, како и дека ќе мора после 31 јануари, до кога трае зимскиот преоден рок, да бара нов клуб.
Босанскиот фудбалер во моментов не присуствува на тренизните, поради здравствените проблеми предизвикани од лошата крвна слика.
Врањеш минатото лето поминал во Андерлехт за 3,2 милиони евра.
А откако Јелена Карлеуша се најде во центарот на скандолозната афера која го тресе Балканот со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, Душко Тошиќ за прв пат се огласи по пат на социјалните мрежи и откри како навистина стојат работите, наспроти многу шпекулации за нивниот развод.
Освен што порача дека сега ќе бидат уште посилни, Тошиќ денеска на Инстаграм постави фотографија со Јелена и на неа „залепи“ смајли кое намигнува.
Колку што е досега познато, пејачката и понатаму е во Кина, каде Душко се наоѓа поради работните обврски, а судејќи по најновата објава на фудбалерот, нема ништо од разводот.