МВР информира дека синоќа во 19.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.Г.(40) од Република Словенија затоа што во угостителски објект на ул. „Бутелска“ во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените во објектот и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МВР информира дека синоќа во Полициската станица – Бит Пазар било пријавено дека во 23.35 часот на подрачје на Чаир, по претходно недоразбирање околу паркинг, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ф.(39) и А.Д.(29), двајцата од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.