Актерот Вил Смит, добитник на Оскар за најдобра машка улога, му удри шлаканица на водителот Крис Рок затоа што направил шега на сметка на неговата сопруга Џејд Пинкет Смит.
Академијата за филмски уметности и науки, како организатор на Оскарите, на Твитер објави дека не го одобрува тоа, реагирајќи на тоа што се случи со Вил Смит и Крис Рок.
„Академијата не одобрува насилство во каква било форма“, беше објавено на Твитер.
Тоа беше реакцијата на Смит на непримерната шега на Рок за фризурата на неговата сопруга, а тој момент, според американските медиуми, ги засени Оскарите.
Добивајќи го својот прв Оскар за најдобра машка улога за улогата во Кралот Ричард, Смит се извини 45 минути подоцна, на Академијата за филмски уметности и науки и на неговите колеги, но не и на Рок.
Моментот со Крис и Вил, според Хина, го надмина остатокот од церемонијата и сигурно ќе остане еден од најнезаборавните моменти на 94-тото доделување на Оскарите.
Ваквото однесување на Смит може да го чини одличната актерска репутација во Холивуд, но не и кривична пријава, барем засега, бидејќи полицијата во Лос Анџелес објави дека Рок одбил да поднесе жалба во полиција.