Академија: Вил Смит одби да ја напушти салата кога побаравме

ИЗВОРНов Лист
|

Актерот Вил Смит го одбил барањето да ја напушти церемонијата на Оскар откако му удрил шлаканица на водителот Крис Рок, соопшти Американската филмска академија. Академијата изјави дека покренала дисциплинска постапка против Смит поради кршење на нејзините стандарди на однесување.

Актерот му удри шлаканица на Рок по неговата шега на сметка на краткокосата сопруга на Смит. Во американската јавност и филмскиот свет започна дебата зошто на Смит, на кого истата вечер му беше доделен Оскар за најдобра машка улога, му беше дозволено да остане во првиот ред во салата.

Затоа академијата објави дека се обидела да го отстрани актерот од публиката.

„Настанот се случи на начин што не можевме да го предвидиме. Сакаме да појасниме дека побаравме од Смит да ја напушти салата, но тој одби, но исто така признаваме дека можевме подобро да ја решиме ситуацијата“.

Академијата прецизираше и дека дисциплинската казна против Вил Смит може да вклучува суспензија, исклучување или други санкции, но и дека ќе добие одговор пред завршниот состанок на Академијата на 18 април.

Институцијата остро ги осуди постапките на Вил Смит за време на Оскарите.