Акциска контрола во Битола, откриени возила на јавен превоз со неисправни сопирачки

|

Полициски службеници од СВР Битола денеска (12.01.2022) од 8 до 14 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата, биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци. Од нив четири возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.