Аки Рахимовски ќе добие улица во Скопје

|

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица во Скопје да биде именувана според легандарниот пејач со македонско потекло, Аки Рахимовски.

-Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, вчерао беше пог ребан во алејата на великаните на гро биштата „Мирогој“ во Загреб. Ковч егот беше прекриен со македонското знаме.

Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, гордо не поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги, пишува Арсовска во својата објава.