Хрватското здружение за туризам предупреди дека неизвесно е како ќе заврши оваа летна сеозна за Хрватска, која досега се покажа полна со предизвици. Доколку од 2015 до 2018 година хрватскито туризам забележа вистински бум, годинава бројките прикажуваат поинаква слика. Голем број на неисполнети капацитети и незадоволни газди.
Експертите уште минатата година предупредија дека високите, поточно нереалните цени на сместувањето, а невложувањето во апартманските капацитети, ќе се врати како бумеранг за сопствениците. Намалениот број на туристи досега, поточно 7 отсто помалку резервации од истиот период лани, покажа дека биле во право, анализираат хрватските медиуми.
Според нивните анализи, туристи има, но има и многу празни места поради несоодветно големиот број на нови апартмани и вили. Затоа и резервациите за ваквиот смештај се дури 57 отсто помалку од истиот период лани.
Сопствениците веќе ги фаќа паника дека нивните апартмани и до крајот на летото ќе останат празни, па голем дел од нив уште сега драстично ги спуштаат цените и нудат попусти на платформите како „Букинг“ и „Ербиенби“. Токму тие „last minute“ понуди, сметаат експертите, ќе ја подобрат целокупната слика за сезоната и таа ќе може да се нарече успешна како и ланската.
Што се однесува до цените за храната и останатите услуги, хрватските анкети покажале дека туристите се задоволни, па има и такви кои велат дека нивните цени се поевтини од оние во Грција и Италија. Но, и променливите цени се карактеристика и на хрватските угостители, така што, туристите неретко биле „соголени“, сметаат Хрватите.
Хрватскиот туризам забележа значителен пораст последните години, а големо влијание на тоа, но и на цените, имаа и големиот број на светските познати личности кои го одбираа јадранскиот брег за одмор и закотвување на луксузните јахти.