Ако ги направите овие работи за Нова година ќе ве следи несреќа – а еве која личност не треба да ви влезе прва во домот

|

Според едно верување распространето во светот на новогодишната ноќ треба да се носат црвени или жолти гаќи – црвени за љубов, жолти за пари.

На Балканот обичаите се некако поврзани со храната. Се верува дека новата година мора да се дочека со полн фрижидер, да има пари во секој паричник во куќата за да се има пари и да се полни цела година. Да се платат сите сметки пред празникот и во нова година да се влезе безгрижно.

Ако се јаде прасечко ќе се има напредок во идната година е верување во Србија и во Македонија.

Никако немојте:

-Голем пропуст е да не се честита празник на драгите луѓе, бидејќи така ја привикувате емотивната дистанца во својот живот

-Никако не се позајмуваат пари на 31ви декември ни 1ви јануари, ова значи 12 месеци материјални проблеми

-Никако не треба да се изнесува ништо од дома на 1ви јануари. Ништо значи апсолутно ништо! Ова важи и за ѓубре.

–Баксузен период ги очекува оние кој во домот по полноќ прва им влезе личност со плава или црвена коса. Првата личност која ќе дојде дома не треба ни да е жена бидејќи многумина веруваат дека тоа носи несреќа.

-Работа не се склопува на 1ви јануари – тоа значи нема да е успешна

-Не треба да се пере долна облека или чинии на 1ви јануари, постоела опасност некој да си замине од куќата во наредната година.

-Кршење, плачење и дивеење – ништо од ова не смеете да правите зошто било лош знак за годината што следи.