Веројатно не еднаш ви се случило при готвењето по грешка да ставите повеќе сол во супата или манџата, па сте размислуваме дали воошто да ја јадете. Отсега нема да мора да очајувате бидејќи има еден одличен трик кој ќе го спаси вашиот ручек.
Ако при готвењето ја пресоливте супата, има трик да се спаси.Се што треба да направите е само да ставете парче излупен компир во неа. Тој ќе ја впие солта, па по неколку минути извадете го.
Добар апетит!
Пржениот компир ќе биде повкусен – Само ставете го ова во маслото
Не посои човек кој не обожава пржениот компир. Тој е додаток за голем број на јадења и е дел од секојдневната трпеза, а на овој начин ќе биде повкусен и тоа со само еден трик. Ви треба само гранче рузмарин. Додека пржите компири, додадете и рузмарин и вкусот ќе биде незаменлив, а нема да имате ни проблем со стомакот.
Вака ќе изрендате сирење без да се лепи на рендето – Крај на маката за домаќинките
Шопската салата со рендано сирење е незаменливо мезе на секоја трпеза, едноставно тоа е салатата која Македонците ја обожаваат, но секогаш имаат проблем кога треба ситно да го рендаат сирењето. Сега има начин како лесно да изрендаме сирење без мака и при тоа тоа да не остане залепено на рендето.
Се што треба да направите е да го намачкате рендето со малку масло. Така сирењето лесно ќе се ренда и нема да остане залепено на неговата површина.