Доколку туристите понесат камчиња од плажата Лаларија како сувенир, една од најпопуларните на грчкиот остров Скијатос, може да платат казна до 1 000 евра.
Властите на овој начин имаат намера да ги сочуваат белите камчиња на плажата кои природата ги таложела со векови, а туристите ги собираат во своите џебови и со тоа сериозно го нарушуваат изгледот на плажата.
Геолозите предупредуваат дека ако продолжи изнесувањето на камчиња, плажата би можела трајно да се загрози, па властите по должина на плажата поставиле табли што ги предупредуваат посетителите дека е забрането собирањето камчиња.
Туристичките интернет-страници напоменуваат дека оние кои ја игнорираат забраната може да се соочат со парични казни од 400 до 1 000 евра. Но, не се само туристите виновни за намалувањето на белите камчиња на плажата.
Многу Грци од Скијатос ги користат овие уникатни бели камчиња за да ги декорираат своите домови и за изработка на мозаици во дворовите. До плажата Лаларија може да стигнете само по воден пат.