Репрезентациите на Македонија и на Русија денеска го отвораат Президент купот, но и комплетниот нов ден на Светското првенство. Со пресметката која почнува од 13 часот и се игра во Келн тие ќе имаат ново одмерување на големите натпреварувања, а ова е важен натпревар бидејќи се води битка за што е можно подобар пласман.
И овој натпревар како и сите претходни ќе биде пренесувам на Македонската телевизија на првиот канал, па таму ќе може да се следи новата битка за добар резултат на репрезентативците на Македонија.
Ако, пак, не сте во Македонија и не можете да ја следите средбата тогаш ви нудиме линкови на кои ќе можете да го следите натпреварот.