Со ребалансот да се скратат трошоците во јавната администрација, а не капиталните инвестиции, порачува бизнис заедницата, oд каде велат дека предвидените 76 милиони евра во ребалансот на буџетот наменети за граѓаните и стопанството, не се доволни.
Според стопанската комора на Северозападна Македонија, не може да се надмине кризата ако фалат капитални инвестиции кои треба да ја заживуваат економијата, ниту може да се надмине кризата без адекватни фискални и даночни политики и олеснувања со јавна администрација која троши многу и е непродуктивна.
И сојузот на стопански комори оценува дека наместо капиталните инвестиции кои се кратат за 100.000 милиони евра, треба да се оди кон намалување на трошоците во јавната администрација.