Најкраткиот тест за интелигенција се состои од само три прашања, но тоа не значи дека е лесен. Секое од прашањата е така поставено да ја процени спообноста за препознавање на навидум едноставен проблем.
-Палката и топчето вкупно чинат 1 долар и 10 центи. Палката чини еден долар повеќе од топчето. Колку чини топчето?
-Ако на 5 машини им требаат 5 минути да направат 5 производи, колку време им треба на 100 машини да направат 100 производи?
-Во едно езеро има многу лотосови цветови. Секој ден цветовите зафаќаат двојно поголема површина. Ако се потребни 48 дена за да се покрие површината на целото езеро со лотосови цветови, колку дена се потребни да биде покриено до пола?
Одговори:
Повеќето луѓе би одговориле на првото прашање со „10 центи“, на второто „100 минути“ и на третото „24 дена“. Меѓутоа, овие одговори се неточни. Точните ви ги пренесуваме подолу:
Ова се точните одговори: Топчето чини 5 центи. Ако палката чини еден долар повеќе од топчето, лесно е да се претпостави дека топчето чини десет центи. Меѓутоа, тоа би значело дека палката чини 1 долар и 1 центи, бидејќи чини еден долар повеќе од топчето. За да биде вкупниот изност 1 долар и 10 центи, топчето мора да чини 5 центи, а палката чини 1 долар и 5 центи.
-Потребни се 5 минути за сто машини да направат 100 производи. Пет машини прават 5 производи за 5 минути. Тоа значи дека една машина прави еден производ за пет минути. Затоа 100 машини прават 100 производи за 5 минути.
-Потребни се 47 дена за да се покрие половина езеро со лотосови цветови. Површината на цветовите се зголемува двојно секој ден. Тоа значи дека на 47-от ден, еден ден пред да се покрие целото езеро со лотосови цветови, нивната површина ќе зафаќа половина од езерото.