Ако оваа година не сакате да одите во Грција – летувајте во Албанија, има само еден проблем

ИЗВОРСкопје24
|

Ако оваа година се решивте да не одите во Грција поради бранот поскапување и таксата која се плаќа во сместувањата, вашиот избор може да биде и Албанија, ако сакате море, со поевтини цени.

Цените на хотелите не се многу различни од оние во Хрватска и Црна Гора, но апартманите се поевтини од оние во Грција.

Хотелите со три ѕвезди во Албанија се поевтини, а подобри од оние во грција, велат хотелиерите за српските медиуми. Она што е проблем е што превозот најчесто туристите сами го организираат.

Колку ќе ве чини одмор во Албанија?

Албанија од година на година станува се повеќе примамлива за Македонците. И од туристичките агенции го потврдуваат истото. Ниските цени и тиркизното море си го прават своето.

Најексклузивнo место за одмор е Саранда и Ксамил, каде што цената на комплетен пакет со превоз и полн пансион за шест дена се движи од 275 евра во јули до 225 Евра во првата половина на септември.

Тука се и познатите Валона и Велипоја. Во Албанија од година во година се повеќе и повеќе се инвестира во крајбрежниот туризам, а со тоа се зголемува и интересот кај туристите,а цените се сосема прифатливи.

Во однос на Грција, цените на пијалоци, кафе и храна во ресторанитесе поевтини и до 30 проценти. Најголем дел од странските туристи во Албанија се од Романија, Германија и Франција.

Кафе кај западниот сосед чини околу 60 леки или 25 денари, а исто толку ќе треба да платите и за шишенце вода. Иста цена се и освежителните пијалоци. Алкохолните пијалоици се движат од 1 – 3 евра. Доколку сакате да појадувате во хотел, цените на појадоците се движат меѓу 300 и 500 леки или од 130 до 220 денари по човек. Свежа морка риба во ресторан се движи од 5 – 10 евра по порција. Секако доколку одите во Албанија задолжително да пробате порција морски плодови, кои секогаш се свежи и набавени од локалните рибари. Порција морски плодови ќе ве чини само 4 евра. Доколку не сте љубител на морска храна и риба, албанските ресторани нудат изноредна италијанска кујна, пици и пасти, како и скара на жар и слично. Голема фамилијарна пица е 4 евра , додека порција италијанска паста се движи од 4-6 евра. Секако во било кое место во Албанија можете да најдете брза храна, гиро, хамбургер, тост, а цените не се повеќе од 1 евро.

Килограм овошје, во зависност од тоа што сакате да купите чини меѓу 45 и 90 денари. Една топка сладолед во летувалиштата во Албанија се продава за околу 20 денари.

Сместувањето, во зависност од тоа за кое место ќе се решите и каков хотел ќе изберете и во кој период од летото планирате да одите се движи од 25 евра дневно за изнајмување на апартман од средната класа па нагоре.