Летово доаѓа и пред почетокот на сезоната главното прашање на туристите кои планираат одмор освен цената на хотели и апартмани, е колку чинат лежалки, чадори, кафе, гиро и слично.
Цените во вонсезонска потрошувачка за Грција и Црна Гора засега се движат во рамки на минатогодишното ниво, но Хрватска значајно ги зголеми цените.
-Цените за престој на хрватскиот брег скокнаа помеѓу 5 и 15 отсто зависно од местото за кое туристите ќе се одлучат. За изнајмување на две лежалки со чадор ќе треба да издвоите меѓу 10 и 20 евра-велат во една туристичка агенција.
Цените на храната останале слични како и минатото лето, бидејќи курсот на куната не се менувал значајно во однос на 2018 година. За омилените слатки на плажа потребно е да се издвојат помеѓу 2,5 и 3 евра колку што чини палачинка, односно 1,5 евро за крофни.
Според постоечките податоци кугла сладолед ќе се продава за 1 евро, додека за овошен или газиран сок од пола литар потребни ќе ви бидат потребни 2 евра. Чај или еспресо во некој од приморските локали ќе ве чини 1 евро.
Целиот текст прочитајте го на ФАКТОР.