Ако се сеќавате на оваа приказна, тогаш сигурно сте имале среќно детство

ИЗВОРСкопје24
|

Во денешно време, приказните и бајките кои им се сервираат на нашите деца, имаат интересна приказна, но се далеку од оние од “наше време“.

Тогаш приказните беа поедноставни, но многу поучни. Една од нив, сигурно е оваа која ви ја пренесуваме во продолжение.

„Посадил дедото репа. Репата пораснала голема и преголема.

Почнал дедото да ја корнe репата од земја: повлечи, потегни, не може да ја искорнe.

Ја повикал дедото на помош и бабата.

Бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.

Ја повикала бабата на помош и внуката.

Внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.

Внуката го повикала на помош и зајко.

Зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.

Го повикал зајко, на помош и мачорот.

Мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, не можат да ја искорнат.

Го повикал мачорот на помош и глушецот.

Глушецот за мачорот, мачорот за зајко, зајко за внуката, внуката за бабата, бабата за дедото, дедото за репата: повлечи, потегни, ја искорнале репата“.

Од приказната има повеќе верзии, со различни животни. Но, поуката е една: Заедно, сплотени можеме многу повеќе!

За децата кои растеа со вакви приказни, во време без интернет, се тврди дека имале многу посреќно детство.