Ако сте го купиле овој производ, никако не го јадете и вратете го веднаш

|

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – QADRONE VERIEGATO Geechele 400, поради присуство на хлопирифос.

АХВ ги објави и деталите од производот кој треба да го вратите од каде што сте го купиле.

Сериски број/лот: 15.10.2023
Рок на употреба: 15.10.2023
Производител: GECCHELE Italy
Увозник: ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје
Дистрибутер: IL FORNAIO DEL CASALE S.p.A Italy

– Kрајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, информираат од АХВ.