Ако ви падна лушпа во белката – извадете ја без нервоза со еден трик

ИЗВОРНов Лист
|

Сигурно многупати досега ви се случило при кршењето на јајцето да падне мало парче лушпа која не можете да ја извадите, па ви предизвикува нервоза. Но, ништо не е нерешливо, така и ова.

Ако видовте непожелно парче во белката од јајцето кое треба да го извадите, има супер трик како да не се разлее и да не бега.

Се што треба е да ги намокрите прстите и полесно ќе го фатите. Пробајте и олеснете си.

Без мака и неред – како да го излупите јајцето за неполни 30 секунди…
Лупењето на јајцето може да биде напорен процес. Освен што вложуваме многу време, понекогаш се случува додека ја отстрануваме лушпата да откинеме и половина од белката на јајцето.

Сепак постои еден трик со помош на кој може совршено да го излупите јајцето, а за тоа ќе ви бидат потребни помалку од 30 секунди.

Потребно е јајцето да го ставите во чаша или тегла, а потоа да истурите ладна вода во него. Протресете ја чашата неколку секунди и ќе видите дека само со еден потег ќе може да ја отстраните лушпата.