Ако викендов одите во планина, проверете каде треба да пријавите

|

Доколку претстојниот викенд планирате да го минете низ планина, ова е важно известување од Центарот за управување со кризи за вас.

Низ парк шумата Водно или низ нашите национални паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања.

Доколку планирате да се движите низ останатите планински делови од државата може да побарате писмено одобрение за движење во една од 30-те локални подружници на ЈП Национални шуми.

-Во овој момент не постои активна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и движењето низ нив е слободно и без ограничувања, велат од ЦУК.

Националниот парк Маврово воведе задолжително пријавување (а, не забрана) на поединци или групи кои планираат движење во шумите и шумското земјиште на територија на паркот кое може да се изврши во просториите на туристичкиот инфо центар во Маврови Анови или преку е-маил адресата mavrovonationalpark@gmail.com со пополнување и испраќање на образецот – Пријава за движење на територија на Н.П. “Маврово” .