Актерот Денис Квејд вели 39 години разлика со новата сопруга се нормална работа

|

Актерот Денис Квејд има 66 години, а неговата нова невеста Лора Савои има 27 години, но според Квејд – тоа не е важно.

„Навистина не е важно“, изјави Квејд за магазинот „People“ за возраста. „Има нешто што е безвременско за нас. Ние сме партнери во нашите односи и во животот“.

Квејд и Савои оваа недела споделија дека тие се преселиле на 2 јуни во одморалиштето во Санта Барбара.
Актерот изјави дека станува збор за „љубов на прв поглед“ за него и Савои и дека тие имаат важни нешта кои ги спојуваат заедно.
„И двајцата сме христијани и од почеток, како Бог да вмеша прсти во нашата врска“, рече Квејд. „Мислам дека од таму потекнува вистинската сила на нашата љубов“.

Савои, која во моментот ја довршува својата докторска дисертација по сметководството, е среќна што се запознале и врската им тргнала во вистински правец.
„И двајцата моравме да поминеме низ доста работи за да бидеме она што сме и кои сме сега, за да бидеме подготвени еден за друг“, рече таа за „People“.

Квејд претходно беше оженет со П.J Солс, Мег Рајан и Кимберли Буфингтон и ја пофали својата нова сопруга.
„Јас само сакам каква личност е таа“, рече тој. “Нејзиниот карактер, нејзината интелигенција, се разбира, нејзината убавина. И нејзината гледна точка на светот”.