Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени.
Потоа од утре попладне па во следните неколку денови кај нас ќе настапи ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето. Облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и во следните денови ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
И во Скопскиот регион од утре попладне па во следните неколку денови ќе има повремени врнежи од дожд, додека температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат до околу 22 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука