Ал Пачино откри кој актер може да го замени – не се двоумеше: „Тој е одличен“

ИЗВОРНов Лист
|

Ал Пачино за странските медиуми зборуваше за тоа кој млад актер го гледа како адекватна замена за улогата на детективот Винсент Хана, која ја толкуваше во филмот „Heat“.

Ако требаше да се снима продолжението на „Heat“, Ал Пачино нема да се сомнева кој ја заслужува улогата на Винсент Хана.

“Тимоти Шаламе. Тој е одличен актер”, рекол Ал Пачино, пренесуваат странските медиуми.

Да потсетиме, Мајкл Ман го базираше сценариото за филмот „Heat“ на вистинската приказна за криминалецот Нил Мекаули.

Режисерот Мајкл Ман ги опиша главните ликови на филмот „Heat“ како две личности кои и покрај тоа што се на спротивната страна на законот, меѓусебно се почитуваат и се восхитуваат за нивната посветеност на она што го направиле на најдобар можен начин.

Тој најави и дека наскоро на јавноста ќе и ја претстави книгата, која ќе биде и приквел и продолжение на „Heat“, но не вети дека ќе ја екранизира.