Александар Димитриевски: Придобивки од ладно цедените масла, кое е најздравото?

ИЗВОРНов Лист
|

Споредено со ладно цедените масла од маслинки и сончоглед – која е предноста на ладно цеденото масло од афионово семе?

– Сите ладно цедени масла како и афионовото имаат одредени позитивни бенефити по човековото здравје. Кога зборуваме за ладно цедени масла се подразбира природни масла исцедени од семето и наточени во шише. Маслата пак меѓу себе се разликуваат по својот состав и нутритивните вредности. Спрема овие параметри афионовото масло отскокнува во однос на сите комерцијални масла присутни во регионот а и пошироко на планетата. Постојат историски податоци дека и античките спортисти 2000-4000 години ПНЕ го користеле афионовото масло за енергија кога мешајќи го со мед добивале експлозивна сила. Речиси и не постои масло кое има толку сензитивно влијание во историјата на човештвото како афионовото масло кое се користело и како лек во отсуство на други медицински препарати.

Која е процедурата за производство на ова масло? Може ли во кратки црти да ни го доловите производствениот процес?

-Самата процедура за производство на афионовото масло и не е нешто сложена бидејќи се зборува за процес на ладно природно цедење на масло. Овде никаква дополнителна интервенција не е можна освен природни процеси на дробење односно екструдирање на семето, гравитационо таложење на суровото масло, филтрирање и полнење во амбалажа. Нашиот производствен процес е поставен да ги исполнува овие постапки во модерен погон, кој ги задоволува и најстрогите критериуми за производство на храна со сертификат за ХАСАП стандард.

Кои се здравствените придобивки од афионовото масло за човечкиот организам?

-Има богата хранлива вредност, ја подобрува дигестијата, помага во контролата на холестеролот и шеќерот во крвта, го зголемува нивото на енергија, придонесува за здравјето на мозокот и моќта на концентрација, за здрави коски и е природен еликсир за остеопороза, помога во регулирањето на крвниот притисок и здравјето на срцето, помага при несоница, допринесува за превенцијата од канцер и го успорува развојот на канцерогените клетки, помага за правилна функција на тироидната жлезда.

Добро е за здравјето на кожата и помага во лекување на кожните болести, помага во лекувањето на афтите во устата, во лекувањето на парадентозата кај забите, за изгореници на кожата и ја ублажува болката, во регенерацијата на оштетени ткива и клетки.

Има силно антивоспалително дејство кај сите воспалителни процеси. Помага при бронхитис и астма.

Александар Димитриевски – Биооил
Маслото од афион БиоОил е богато со омега 6 и омега 9 незаситени масни киселини. Богато е со фосфор, магнезиум, калиум и железо. Помага при лекување на тромбоза и емболија, антиканцерогено дејство, го нормализира нивото на холестерол во крвта, ја зголемува моќта на концентрација, ги зајакнува нервите, ја смирува болката и ги релаксира мускулите. Го зајакнува одбранбениот механизам на телото.

Здравата исхрана е клучен фактор за превенција на многу болести. Секогаш најдобра опција е кога делуваме превентивно, и кога во континуитет се грижиме за своето здравје. „Здравјето и болестите доаѓаат преку устата“. Здравата исхрана е подарок кој самите можеме и мораме да си го подариме. Затоа и во моментите кога не фаќа „зимскиот сон“ доволно е за превенција да консумираме по една лажичка афионово масло, може помешано и со мед и да формираме силен штит од сите вируси и болести! Контакт 071 335 593