Македонскиот пејач Александар Тарабунов уапсен во Битола на концертот во чест на Тоше и Аки

ИЗВОРНов Лист
|

Александар Тарабунов, преку својот инстаграм-профил соопшти дека вчера бил уапсен.

– Вчера вечерта бев уапсен во Битола каде што настапувава, како да сум најголем криминалец. Со лисици, со туркање во комбе ме однесоа во станица, буквално за ништо. Изрежираа дека се противам на началникот и дека немам лична карта, иако се обидов да ја покажам и заедно со сопственикот на локалот не’ држеа до 8 сабајле. Спијте мирно луѓе, нема веќе криминал, се’ е решено, напиша Тарабунов на својот инстаграм профил.

Подоцна тој објави стори во кое негови пријатели му покажуваат отворена поддршка со коментарот дека ова не е е првпат полицијата да се однесува вака.