Манекенката и старлета Александра Накова во друштво на најблиските пријатели и роднини го прослави роденденот на ќерката Леа. Малата принцеза наполни 4 години, а по тој повод мама Александра се потрудила и и приредила изненадување, а целата игротека каде што славеле била декорирана во розова боја која и е омилена на Леа.
Инаку, на фотографиите кои ги објави на Фејсбук го нема поранешниот сопруг, Никола, и татко на Леа иако во повеќе интервјуа истакна дека се во добри односи се со цел на ќерката да и обезбедат безгрижно детство.
Александра Накова која откако стана мајка се повлече од јавноста и се посвети на малата Леа веќе извесен период живее во родната Гевгелија заедно со семејството. Непосредно по породувањето се раздели од сопругот, екскошаркарот Никола Гајдаџиев, но откри дека со оглед на фактот што старателството над малата наследничка им е поделено и двајцата се трудат да имаат нормална комуникација.
„Се разделивме, но имаме нормална комуникација и разговараме за се што е потребно околу Леа. Таа е во центарот на нашето внимание, рече поранешната манекенка која додаде дека воопшто не и недостасуваат сликањата и пистите, туку напротив, ужива во мирниот начин на живот кој што го води“, рече Накова во една прилика пред неколку месеци
„Порано излегував многу, сега не. Тука во Гевгелија и нема многу места за излегување, а и не ми недостасува тој хаос. Се навикнав на мирен начин на живот, а кога сакам да се опуштам патувам надвор од Македонија“, додаде таа.