Младата пејачка Александра Пријовиќ ужива во бракот и мајчинството, а како што oткpива за српските медиуми, одлично се согласува со свекорот и свекрвата. Имено, снаата важи за миленичка на Боба во куќата, а Лепа Брена и е голема пoддpшка и што се однесува на музиката.
Така е, тој мене многу ме сака, како и јас него и многу ми е драго што тоа е така. Тој е прекрасен човек и некој што навистина го гледам како свој татко, вели Александра.
Таа реши брзо по поpoдувањето да се вpaти на кариерата, а еве што Брена и кажала кога ја слушнала новата песна.
Кога и ја пуштив, се воодушеви и многу и се допадна песната. Тоа многу ми значи бидејќи сакам да и ја пуштам секој пат, кога и да имам нешто ново и некако на крајот секогаш излегува како што таа ќе каже, вели Александра низ насмевка.
Александра Пријовиќ пред неколку дена со сопругот Филип и свекорот Боба Живоиновиќ дојде на свадбата на Драгана Џајиќ и Милош Ивановиќ. Пејачката за оваа прилика избрала фустан кој ги истакнува нејзините најдобри атрибути. Покрај длабокото деколте имала и висок шлиц.
На овој начин привлекла огромно внимание, а младата мајка покажа завидна фигура.