Александра Пријовиќ за локалните медиуми се согласила да одговори на неколку прашања за нејзиниот приватен живот. Таа раскажала се’ за бракот со Филип Живојиновиќ, кариерата, но и за коцкањето и таблетите за смирување. Пејачката признала дека навистина сама ја финансирала својата кариера и дека нејзината мајка се откажала од се за таа да стане успешна пејачка.
Таа исто така признала дека имала повеќе од три естетски операции, односно потенцирала дека досега биле четири.
Таа во истото интервју кажала дека воопшто не стравува дека Филип ќе ја остави, но подоцна дообјаснила дека како и секој кој некого сака, не сака да остане без таа личност.
Големо внимание привлече и нејзиното признание дека во Монте Карло прокоцкала голема сума на пари, а воедно признала и дека кога нејзиниот дедо починал подолго време пиела таблети за смирување.