Лепа Брена и Александра Пријовиќ од самиот почеток имаа одлични односи, а со текот на времето станаа неразделни и често и патуваат заедно.
Имено, Александра признала дека на почетокот на врската со синот на Живојиновиќ, Филип, се двоумела околу Брена и Боба и дека не била подготвена секогаш да оди кај нив.
– Сега имам врска со неа како со мајка ми. На почетокот не беше така, а поради тоа се срамев искрено. Брена и Боба ги познавам со години, пеев на нивните приватни прослави и сега сум тука одеднаш, во врска. И тогаш кога првпат дојдов, сакав земјата да ме проголта. Се чувствував како да сум направила нешто погрешно. Филип ми вели да одам кај него, а јас го молам да не ме носи таму – признава Александра.
Иако неколку пати истакна дека Брена не и е свекрва, туку дека тоа е Зорица Накиќ, мајката на Филип, таа никогаш не криела дека негува врска со Брена полна со љубов и почит, како и благодарност за секој совет што го добивала од неа.
На нивните профили на социјалните мрежи често можеме да ги видиме нивните заеднички фотографии, но и коментари кои си ги оставаат под објавите. Пријовиќ сподели фотографија на Инстаграм, а Брена меѓу првите ја коментираше. Пејачката остави неколку срца за Александра.