Александра Пријовиќ заплива во актерските води, доби улога во популарниот филм

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката, Александра Пријовиќ доби улогa во четвртата сезона од популарната серија „Уб***и на мојот татко“ .

Како што пренесуваат српските медиуми пејачката ќе се појави во две епизоди, а нејзините сцени таа веќе ги снимила.

Пријовиќ наводно го глуми ликот на пејачката Миле.

-Александра беше изненадена од повикот да глуми во серијата, ако се земи предвид дека таа сака предизвици кои ќе имаат влијание врз нејзината популарнот, но свати дека тоа ќе и биде од корист во нејзината кариера, открива за српските медиуми извор близок до пејачката.

Пејачката не го криела задоволството.

-Бев водушевена кога ме повикаа да глумам во серијата „Уб***и на мојот татко“. Покрај тоа што ми претсѕтавува особена чест да глумам покрај нашите популарни актери, морам да признам дека ова ми беше голем предизвик. Одлично се снајдов, а за деталите не можам да зборувам се уште. Едвај чекам да започне новата сезона на серијата, рекла за еден српски медиум Александра Пријовиќ.