Алена од Украина 30 години ја нема скратено косата

ИЗВОРnovlist.mk
|

Алена Кравченко, која поради својата коса долга речиси 2 метри го добила прекарот Златокоса, поради својот необичен изглед добива понуди за брак од мажи од сите страни на светот.

34-годишната Алена Кравченко од Украина славата ја стекнала по својата долга коса, која не ја кратела речиси 30 години. Денес просечната должина не нејзиното влакно изнесува 1,8 метри.

Откако направила профил на Инстаграм, Алена добила повеќе од 13.000 фанови и почнала секојдневно да добива понуди за брак. Меѓутоа, меѓу многубројните запросувачи, се јавуваат и мажи со прашањето дали може да и ја скратат косата.


Сепак, убавата Украинка не го прифаќа тој чин, па дури ни за љубов.

“За мене, вистинската убавина се огледува во природниот изглед, затоа мојата коса е толку долга. Таа претставува мој внатрешен свет, дел е од мене и мојата душа. Никогаш не сакав да ја кратам косата и секако дека сакам да расте брзо. Мојата коса е закана за обичните жени, бидејќи го покажува мојот посебен карактер, стилот и оригиналноста”, истакнала таа.


Алена истакнува дека многу луѓе не можат да го сокријат воодушевувањето кога ќе го видат нејзиниот необичен изглед, па така, покрај мажите кои сакаат да и ја скратат косата, добива и многу позитивни коментари.

“Многу мажи се восхитуваат на мојата коса, сакаат да ме запознаат, да патуваат со мене, ме канат да ја посетам нивната земја, а често ми нудат и љубов. Сепак, на сите заинтересирани странци кои ме запросуваат преку интернет, не им одговарам на пораките за да не им дадам лажна надеж”, рекла таа.


Инаку, оваа дама од Украина, вели дека зад косата која сега достигнува 1.8 метри се крие голема нега, односно има точна процедура на миење, сушење и местење.

Косата ја мие еднаш неделно, а за тоа е потребно околу еден час. Секогаш нанесува заштитни производи на крајот, а често носи и плетенки и пунџа.