Алпите биле користени како главен камп за операции на Руски шпиони во Европа

ИЗВОРnovlist.mk
|

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на руското воено разузнавање биле активни на континентот од 2014 година, а последен пат преминале преку Франција во септември 2018 година.

Разузнавањето на Франција, Швајцарија и Велика Британија презеле операции за потрага по руските шпиони. Еден од тие 15 агенти бил идентификуван од британските служби како еден извршителите на нападот во Солсбери во март минатата година во кој беа затруени Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија. Шпионите, според весникот дејствувале во Велика Британија, Бугарија, Црна Гора, Крим и Молдавија.