Отворањето на угостителските објекти ги скара министерствата за економија и за здравство. Вчерашниот состанок на кој плус учество земале и самите угостители завршил без договор. Информациите до кои дојде Алсат велат дека иако предлозите првично беа најавени да се најдат на денешната владина седница, тие се префрлени за утре.
Првичните информации до кои дојдовме пред неколку дена беа дека угостителските објекти ќе познат да примаат гости од понеделник 11-ти мај. Тој предлог сè уште стои на маса, меѓутоа има несогласувања помеѓу угостителите и Министерството за економија од една страна, наспроти Министерството за здравство од друга страна. Од Министерството за здравство сметаат дека гостите треба да бидат само во летните бавчи или терасите, меѓутоа за угостителите и Министерството за економија тука нема економска оправданост. Угостителите дополнително се на ставот дека на тој начин се прави и дискриминација бидејќи сите угостители немаат иста површина на летни тераси.
Освен примањето гости во угостителски објекти единствено на терасите и летните бавчи, постојат уште неколку протоколи кои ги бара Министерството за здравство, а со кои угостителите не се согласуваат. Според планот на здравство, кафеаните, рестораните и баровите ќе започнат со скратено работно време, односно ќе имаат право да работат до 18 часот. По завршувањето на состојбата ќе се врати старото работно време. Угостителите не се задоволни од предлогот на летните бавчи да може да седат на една маса само четири посетители, а за една маса да има обезбеден простор од речиси 10 квадратни метри. Освен ограничување на бројот на гости кои може да се примат во одреден период, задолжително ќе треба угостителите да имаат и дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
Освен на локалот, одржувањето на личната хигиена на персоналот и нивна редовна дезинфекција ќе биде подигнато на повисоко ниво. Групните забави и семејните прослави во прво време нема да бидат дозволени, тие се планираат по заминувањето на болеста, но и тогаш со ограничен број на гости. Инаку угостителско – туристичкиот сектор е еден од најпогодените од новонастанатата ситуација. Нивната комора веќе најави дека минимален е бројот на компании од угостителската дејност кои аплицирале и добиле финансиска помош од државата.
Иле Петревски