Американската амбасадорка ужива во убавините на Македонија (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Мери Бернс изминатиов викенд го поминала на Шар Планина, искачувајќи го врвот Љуботен.

На Инстаграм профилот на американската амбасада во Македонија беше објавена фотографија од подвигот на амбасадорката.

– Се радувам што ќе ја искусам убавината и различностите на Северна Македонија и што ќе научам повеќе за вашата динамична култура, за традициите и за историјата на вашата земја. Ќе барам можности за споделување на културата на Соединетите Држави и за градење на мостови помеѓу граѓаните на двете земји – рече Брнс на предавањето на должноста пред некој месец.

Инаку таа дојде како наследник на местото на додогашниот амбасадор на САД во земјава Џес Бејли.