Пензионер од САД освои 344,6 милиони долари на лотарија , а среќата му се појавила во ,,колаче со порака” (fortune cookie) .
Пензионерот Чарлс Б. Џексон Џуниор од Северна Каролина освои 344,6 милиони долари на Powerball . Огромната сума ја добил откако добил од ќерка му колаче од виетнамски ресторан . Го отворил колачето , ја прочитал судбината на пораката во него и решил да провери дали е точна.
Утрото во вторникот се разбудил и ги проверил своите броеви. 66- годишниот пензионер прво погрешно го видел првиот број и помислил дека добил ,,само” околу 50 000 долари. И кажал на сопругата дека добил нешто пари и дека оди да ги подигне.
Тогаш уште еднаш го видел ливчето и дури тогаш сфатил дека го добил целиот износ.