Додека некои луѓе успеваат да заспијат веднаш штом ќе ја стават главата на перницата, други се превртуват и зјапаат до таванот долго време пред да ги фати сон. Ако сте навикнати да лежите во креветот будни ноќе и илјада мисли да ви шетаат низ мозокот, не можејќи да потонете во сладок сон, имаме добра вест за вас. Неодамна беше откриена тајна воена техника за која се вели дека ќе му помогне на секој да заспие за само две минути.
Трикот, наводно, се користи од страна на армијата на САД за да им помогне да заспијат во ситуации кои се помалку од мирни, како на пример на бојните полиња. Тајната е детално опишана во книгата Relax and Win: Championship Performance, која иако била објавена во 1981 година, неодамна стана популарна на интернет. Се смета дека шефовите на армијата ја развиле техниката за да се осигураат дека војниците нема да прават грешки поради замор.
Еве како да го направите тоа:
Опуштете ги мускулите на лицето, вклучувајќи го јазикот, вилицата и мускулите околу очите.
Спуштете ги рамениците колку што е можно повеќе, како и рацете, една по една.
Издишете, опуштајќи ги градите проследени со нозете, почнувајќи од бутовите, па надолу.
Потоа треба да поминете 10 секунди, обидувајќи се да го исчистите вашиот ум пред да размислите за една од трите следни слики:
Лежите во кану на мирно езеро со ништо друго освен чисто сино небо над вас
Лажите во црна кадифена импровизирана лежалка во целосно затемнета соба
Вие си велите на себе „не мислам, не мислам, не мислам“ одново и одново околу 10 секунди.
За техниката се вели дека функционира кај 96 проценти од луѓето по шест недели од практикувањето. Но, таа не е корисна само за во армијата. Поради недостатокот на спиење може да влијае на ефикасноста кај „обичните луѓе“.