АМСМ: Автопатот Миладиновци – Штип возачите да не го користат

ИЗВОРСкопје24
|

АМСM- Службата за помош и информации на својот официјален веб сајт постави известување дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај.

Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер и апелираат до возачите да не го користат автопатот. Министерот за транспорт Горан Сугарески вчера апелиреаше да не се користи автопатот.

Овие денови се вршат последните безбедносни проверки и проценки на сите елементи на автопатот.

Инаку новиот автопат Штип-Миладиновци од средата е пуштен во пробна употреба. Делницата на патот од Три Чешми до Овче поле функционира неколку месеци, а официјалното пуштање во употреба ќе се случи во мај.

За потсетување, новиот автопат Штип–Миладиновци започна со градба во 2014 година а владеачката СДСМ уште лани најави дека ќе биде даден во употреба до крајот на 2019 година. Оваа инвестиција чини околу 250 милиони евра со дополнителните трошоци.

Патот е со должина од 50 километри, а отсега на релација Штип- Скопје ќе се стигнува за половина час.