На Душко Тошиќ му истече забраната за приближување кон Јелена Карлеуша, еве што се чека сега

ИЗВОРНов Лист
|

Истече забраната на Душко Тошиќ да и се приближува на сопругата Јелена Карлеуша која го пријавила за Божиќ.

По нејзината пријава, Душко бил на распит во Полициската станица, по што прво добил забрана во траење од 48 часа, а потоа Првото основно јавно обвинителство во Белград му ја предолжи забраната за 30 дена.

Судот го прифати предлогот за истекување на забраната за пристап, а сега се чека извештајот на Центарот за социјална работа и изјавата на оштетената, потврдија од Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша на 7 јануари во полиција го пријавила сопругот Душко Тошиќ. После тоа полицијата веднаш дошла во нивниот дом каде останале до 14 часот.

Јелена одбила да поднесе пријава против Тошиќ, одбила и лекарска помош, но тој сепак бил сослушан.