Преминувањето на Милутин Мркоњиќ тешко падна на пејачката Ана Бекута, па со денови беше затворена во своите четири ѕида.
Внуците на Ани и помогнаа да го преброди најтешкиот период, а неодамна пејачката ги исфрли работите на Мрко од станот.
Сега ќерката на пејачката, Соња, на својот Инстаграм профил ја сподели фризурата која и ја направи баба и, а покрај фотографијата напиша: „Ана Бекута стана фризерка“
Да потсетиме, Ана неодамна ги спакувала работите на Мрко во црни кеси и ги однела во хуманитарни цели:
– Ана го почитуваше обичајот 40 дена да не се допира ништо од работите на Мрко. Многу ѝ беше тешко да се збогува со работите на Мрко, бидејќи сè ја потсетува на него. Не сакаше ништо да отуѓи, но ја натераа внуците Соња и Бранко, кои видоа дека се повеќе се повлекува во себе и во станот. Инсистираа да ги исфрли работите од станот и колку и да е тешко да сврти нов лист – вели извор.