Ана е најубавиот пилот на светот: Нејзината убавина ќе вивне секого во облаци (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Младата Парагвајка Ана Паула Кеспедес веројатно е најубавиот пилот на светот. И не станува збор за субјективен став, туку таа тоа и го докажала – прогласена е за мис во својата земја, минатата година.

Ана има само 21 година доаѓа од Асунсион – главниот град на Парагвај.

Со години се натпреварува на разни избори за мис, а минатата година е наградена со ласкавата титула.

Иако ги остварила своите соништа кога станува збор за модата, Ана сепак имала уште еден сон – да лета. И тој ѝ се исполнил.

Станала пилот, како својот татко, од кој ја наследила љубовта кон висините.