Ана Севиќ јавно откри што мисли за свршеницата на Дарко Лазиќ

|

Ана Севиќ, Дарко Лазиќ и Марина Гагиќ со денови се главна тема во медиумите после концертот на пејачот.


Дарко Лазиќ на 29.10.2019 во „Сава Центар“ го одржа својот концерт насловен „Нов почеток“ со кој одбележи 10 години кариера и нов почеток во неговиот живот. На концертот на Дарко Лазиќ се појави поранешната сопруга на пејачот, Ана Севиќ заедно со нивната ќерка Лорена.

Најемотивен момент на целиот концерт бил кога Лазиќ ја поканил својата ќерка на сцена Лорена која отрчала во прегратки на својот татко, а Ана пуштила солзи. Додека Лазиќ ја држел ќерката во прегратка ја отпеал песната „Верујем у љубав“.

На прашањето на нејзините фанови на Инстаграм дали нејзиното присуство ѝ пречело на нејзината ривалка Марина Гагиќ сегашната свршеница на пејачот, таа одговорила:
„Никогаш не сме биле ривалки, затоа што кога тие започнаа врска јас Дарко на големо заминавме по одвоени патишта“, напишала Севиќ на својот Инстаграм.